Top Sport

Анчелоти се потсети на легендарниот меч Милан-Звезда на густата магла (видео)

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти се потсети на 1988 година, кога во дресот на Милан играше против Црвена звезда на „Маракана“, при доаѓањето во српската престолнина пред утрешниот меч од Лигата на шампионите.

„Во 1988 година дојдов тука и се сеќавам дека имаше густа магла и имаше неверојатен меч, во кој за среќа победивме. Исто така и во 2006, и се надевам и утре. Во 1988 година имаше тежок натпревар, кој можеше да биде финале бидејќи Звезда имаше многу силен тим“, се потсети Анчелоти.

На 9 ноември 1988 година, Црвена звезда водеше со 1:0 со голот на Дејан Савиќевиќ и беше на работ да го елиминира Милан, но поради густата магла мечот беше прекинат. Следниот ден се играше повторен натпревар и „росонерите“ поминаа понатаму преку пенали.

Двата тима имаа легендарни состави – за Милан играа Барези, Костакурта, Ван Бастен, Донадони, Анчелоти, Гулит, Рајкард, а тренер беше Ариго Саки, додека за Звезда во составот беа Најдоски, Василиевиќ, Шабанаџовиќ, Радовановиќ, Јуриќ, Савиќевиќ, Стојковиќ-Пикси и Просинечки.

Scroll to Top