Top Sport

Обновениот „Бернабеу“ ќе биде бомбона, само да се најдат пари!

Долгонајавуваните планови за обнова на стариот стадион на Реал Мадрид, митскиот „Сантијаго Бернабеу“ најверојатно  набргу ќе стане реалност.

Обновата на стадионот е стар сон на претседателот Флорентино Перез, кој е подготвен да се задолжи за да се изведе обновата вредна 400 милиони евра. Според секогаш добро информираната „Марка“, планот ќе биде претставен пред Собранието на членовите во недела, кога ќе треба да се одобри буџетот за новата сезона, и весникот потенцира дека проектот на Перез ќе добие зелено светло.

Scroll to Top