Барселона го победи Реал со 2:1 и направи недостижна предност во борбата за шампионскиот трофеј. Мечот го реши Франк Кеси во 92.минута, а исходот можеше да биде поинаков доколку ВАР не го поништеше голот на Марко Асенсио во 76.минута.
Тренерот на Реал, Карло АНчелоти, се сомнева во исправноста на одлуката, голот на Асенсио да биде поништен.
„Одигравме комплетен натпревар од првата до последната минута. Не победивме затоа што се ни судеа офсајд, во што се уште се сомневаме. Се враќаме во Мадрид со сомнежи во нашите глави“, изјави Анчелоти, чиј тим сега заостанува дванаесет бода зад Барселона.
„Мислам дека не заслуживме да загубиме денеска. Сè на сè, лошата форма во јануари не чинеше многу, ни требаше повеќе време да ја најдеме вистинската форма. Сега сме на вистинското место и ќе ја завршиме сезоната на вистински начин“.