Top Sport

Анчелоти се соочува со отказ

Искусниот италијански стручњак Карло Анчелоти би можел да добие отказ до крајот на неделата. Шпанските медиуми пишуваат дека Карло Анчелоти добил ултиматум од раководството и ќе мора да го освои Светското клупско првенство за да ја задржи работата. Реал Мадрид во среда го игра полуфиналето против египетскиот Ал Ахли, а доколку победи таму во сабота ќе се сретне со подобриот тим од второто полуфинале, во кое ќе играат Ал Хилал и Фламенго.

Избраниците на Анчелоти не блескаат оваа сезона, веќе загубија еден трофеј бидејќи Барселона беше подобра од нив во финалето на шпанскиот Суперкуп, додека во Примера сè повеќе заостанува зад Барселона.

Проблем за Анчелоти е што во Мароко, ќе биде без првиот голман Тибо Куртоа, клучниот дефанзивец Едер Милитао и „Златната топка“, Карим Бензема. Покрај овие тројца отсутни ќе бидат и Ферланд Менди и Лукас Васкез.

Можно е Милитао, Бензема и Курота да бидат подготвени за евентуалното финале.

Шпанците исто така пишуваат дека Анчелоти бил лут, бидејќи клубот не го послушал и не се засилил во зимскиот преоден рок.

„Анчелоти не крие дека е вознемирен што клубот не му донесе никого во преодниот рок, иако постојано истакнуваше дека за 36 дена од крајот на минатата година до сега одиграл дури 11 натпревари со персоналот осакатен од повреди и исцрпеност. Анчелоти е лут затоа што инсистирал Реал да донесе барем еден напаѓач, а на крајот ќе мора да одиграат шест натпреварувања со само 16 играчи“, пренесуваат шпанските медиуми.

Scroll to Top