Top Sport

(Видео) Анчелоти со реми дебитираше на бразилската клупа

Карло Анчелоти, дебитираше на клупата на Бразил со нерешен резултат. Неговиот тим гостуваше во Еквадор, натпреварот во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство заврши без голови.

Еквадор е вообичаено многу тежок домаќин за сите тимови поради големата надморска височина, но овој пат натпреварот се играше во Гвајакил, град на море, па Еквадорците немаа предност на реткиот воздух на кој се навикнати.

Ѕвезди како Винисиус, Ричарлисон, Касемиро, Алисон и Бруно Гимараеш играа за тимот на Анчелоти, но не успеаја да победат.

Бразилските новинари го следеа секое движење на Анчелоти на клупата, на крајот во извештаите напишаа дека осум парчиња мастики сменил во текот на мечот.

„Одигравме многу добра дефанзивна игра. Требаше да бидеме подобри со топката, да играме со поголем проток, но на крајот нерешениот резултат е добар за нас. Условите беа комплицирани за поинаков стил на игра. Имавме добри шанси во првото полувреме.

Можевме да играме подобро, но мора да ја почитуваме силата на противникот. Не сакам да барам оправдување, но тревникот не беше идеален. Се надевам дека во следниот натпревар ќе имаме подобри услови и дека ќе играме со поголем ритам, движење и интензитет“, рече Анчелоти по натпреварот.

Scroll to Top