Top Sport

Анчелоти: Тие се професионалци во ‘крадење’ време и паѓање

Тренерот на Наполи Карло Анчелоти по ремито 0:0, во Белград против Црвена ѕвезда, во првиот меч од првото коло во Ц-групата, во Лигата на шампионите, рекол дека резултатот не е негативен, но дека неговиот тим морало да победи.

Неколку пати на прес конференцијата, Анчелоти, ја пофалил одбрaната на Црвена ѕвезда и неколку пати повторил дека му е жал што неговиот тим не победил. Искусниот тренер рекол и дека очекувал дека ќе има малку фудбал кога мечот влегол во самата завршница.

„Неизбежно беше тоа што се случи, да нема вистински фудбал во последните 15 минути. Ја гледав Црвена ѕвезда многу пати, тие се професионалци во ‘крадењето’ време и во паѓањето. Судијата некогаш паѓаше на тие финти. Меѓутоа тоа не беше проблемот, ние не постигнавме гол, а требаше да го направиме тоа“, рекол Анчелоти.

Scroll to Top