Top Sport

Анчелоти: Тимот ќе биде фит и подготвен за Манчестер сити

По одлуката да одмори осум од стандардните првотимци против Хетафе, која предизвика големи контроверзи во Шпанија, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека сите негови ѕвезди ќе се одморени и подготвени за реваншот со Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампиони.

Реал победи со 1:0, и Анчелоти ги отфрли стравувањата околу подготвеноста на Едуардо Камавинга, кој се повреди во финишот на мечот.

„Немаше друг начин да се подготвиме за мечот во среда. Сега имаме добри чувства, тимот е добро и до среда ќе ги имаме сите фудбалери фит и подготвени. Дури и Менди и Милитао може да играат против Сити“, вели Анчелоти.

Scroll to Top