Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги зголеми шпекулациите дека Килијан Мбапе ќе го избере „кралскиот“ клуб, одговарајќи на тврдењето на Маурисио Почетино дека тој „100 отсто останува во ПСЖ“ со интересна забелешка: „Тренерите не можат секогаш да ја кажуваат целата вистина“.
Договорот на Мбапе со ПСЖ завршува на крајот на сезоната, а Реал Мадрид неуспешно се обидоа да го донесат во јануарскиот преоден рок, по што се сметаше дека тој сигурно ќе замине на „Бернабеу“. Но, самиот француски голгетер призна дека има „нови фактори“ околу неговата иднина инсистирајќи дека уште не одлучил што ќе прави следната сезона.
Почетино, пак, изјави дека и тој и Мбапе ќе останат следната сезона и покрај шпекулациите дека ќе биде отпуштен.
„Тренерите на прес-конференции не можат да ја кажат целата вистина. Но, Мадридистите сега се грижат за две работи – да победат утре и да победат во среда. Се фокусираме на тоа“, вели Анчелоти, откако на Реал му е потребен само поен да ја освојат шпанската титула, по што во среда ги чека реваншот со Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампионите, по 4:3 поразот на гости.