Top Sport

Анчелоти во Арсенал, Гатузо во Наполи

Карло Анчелоти по мечот со Генк во Лигата на шампионите ќе поднесе оставка на функцијата во Наполи, тврди новинарот Џанлука Ди Марзио.

Овој новинар чии информации секогаш се веродостојни пишува дека Анчелоти откако ќе ја понуди оставката веднаш ќе се упати кон својата нова дестинација. Трофејниот тренер ќе го преземел Арсенал.

Наполи од друга страна за тренер ќе го промовираат Џенаро Гатусо, кој по две сезони во Милан, на крајот од минатата сезона замина од „Сан Сиро“ откако не успеа да избори место во Лигата на шампионите.

Анчелоти има искуство во Премиер лигата, во периодот 2009-2011 година тој бил менаџер на Челси. Со „сините“ освои три трофеи во 2009 година (Премиер лига, ФА куп и Комјунити Шилд).

Scroll to Top