Top Sport

Русија со победата над Црна Гора обезбеди полу-финале

Црна Гора запиша пораз од Русија 28:35 (16:17) на Светското првенство во Јапонија. Црногорките во последното коло против Шведска ќе се борат за местото што води во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио.

Црногорките добро го отворија мечот, добрата игра во одбраната им донесе неколку лесни голови од транзиција и водство 11:7 на половина од првиот дел. Русинките се вратија во мечот со серија од четири гола, а потоа успеаја и да го решат првото полувреме со 16:17.

На почетокот на второто полувреме Русинките играа добро во одбраната, постигнуваа лесни голови од транзиција. Најпрвин создадоа предност од четири гола, а потоа разликата се искачи на седум гола од која Црногорките не успеаја да се вратат.

Русија со оваа победа обезбеди пласман во полу-финалето и против Шпанија ќе се бори за првото место во Групата 2. Црна Гора во последното коло против Шведска ќе игра за третото место.

Против Црна Гора Русија ја предводеа Јулија Манагарова со 12 гола, односно Јулиа Фролова со десет гола. Поранешната вардарка Јованка Радичевиќ постигна осум гола за Црна Гора.

Scroll to Top