Во една од најбизарните фудбалски вести на почетокот на 2022, УЕФА побара од тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да „полага“ тестови за да може да продолжи да биде тренер во шпанската Ла лига.
На 62-годишниот Италијанец, кој во кариерата освои три титули од Лигата на шампионите и повеќе лигашки титули, му истекла тренерската лиценца, но тој вели дека се работи за обично недоразбирање и се заблагодари на Шпанската кралска фудбалска федерација за помошта.
„Тренерската лиценца? Јас сум човек кој секогаш се обидува да ги почитува правилата и законот. Тоа беше недоразбирање. Лиценцата истече, но луѓето од шпанската федерација ми помогнаа уште во октомври, тоа беше само недостаток на комуникација. Им благодарам за помошта“, изјави Анчелоти.
УЕФА бара Анчелоти, освојувачот на три титули од ЛШ, да полага испит!