Top Sport

Џери Вест бесен откако Лејкерси му ги одземаа сезонските билети: Ме отфрлија како парче ѓубре

Поранешната НБА ѕвезда, и човекот чија силуета е на НБА логото, Џери Вест вели дека неговите односи со Лос Анџелес лејкерс се на најниско можно ниво и нешто за што најмногу се кае во својата кариера.

14-кратниот Ол-Стар играше за Лејкерси во текот на целата кариера, пред да биде и тренер на тимот, и да има различни улоги, како скаут и генерален менаџер. Тој освои една титула како кошаркар и уште шест како генерален менаџер, но смета дека тие никогаш не го ценеле, што резултираше со нивното одземање на неговиот почесен сезонски билет.

„Една разочарувачка работа за мојата кариера е тоа што односите со Лејкерси се катастрофални. Уште не знам зошто. На крајот, кога ќе погледнам наназад си помислувам дека можеби требаше да играм на друго место, каде што ќе го ценеа тоа што го давав, тоа што толку се грижев“, изјави Вест за „Атлетик“.

Сезонските билети Вест ги доби од покојниот поранешен сопственик Џери Бас, но неговата ќерка Џини Бас неодамна му објавила дека сезонскиот билет е повлечен со СМС порака до сопругата на Вест.

„Само еден тест до мојата сопруга. Никој немаше доволно доблест да ми се јави, ете толку се мали, океј? И тоа јас ги сакам Лејкерс, сакам да играат добро, тоа е одлично за кошарката. Но, понекогаш се чувствувам како парче ѓубре фрлено. Не сфаќам“, додава Вест.

Scroll to Top