Карло Анчелоти (65), според англиските медиуми, повлече шокантен потег. Искусниот Италијанец во својот стручен штаб го донесе помошникот тренер во англискиот третолигаш Стокпорт Каунти.
Станува збор за 38-годишниот Енди Менген, кој беше член на стручниот штаб на над 300 натпревари во третото, четвртото и петтото ниво на англискиот фудбал.
Менген е поранешен напаѓач, кој ја заврши својата кариера во 2018 година. Настапуваше за десет клубови, а во кариерата одигра 425 натпревари и постигна 118 гола.
Никогаш во кариерата не играч на повисоко ниво од Третата лига.
Англиските медиуми пренесуваат дека Менген е близок пријател со Давиде Анчелоти (35), синот на Карло Анчелоти, кој исто така е дел од стручниот штаб на Реал Мадрид.
Тие двајца заедно ги земаа тренерските лиценци, па освен што се пријатели се и поранешни школски другари. Кога Менген ќе ја добие работната дозвола за Шпанија, ќе му се приклучи на стручниот тим на Реал.