Top Sport

Анчелоти за поврзувањето со Арсенал: Имам бела коса и многу искуство!

Карло Анчелоти вели дека нема намера да си замине од Наполи и да стане тренер на Арсенал, каде што позицијата на Унаи Емери продолжува да е под закана.

Анчелоти беше поврзуван и со местото во Тотенхем, но таму „празнината“ ја пополни Жозе Мурињо, но Италијанецот вели дека и покрај „бунтот“ во Наполи и конфликтот со претседателот Аурелио де Лаурентис, тој нема намера да менува клуб.

„Секако, останувам со Наполи. Тоа се обични шпекулации. Имам бела коса и многу искуство, така што секогаш сум поврзуван со такви шпекулации. Во моментов, тоа е сè“, вели Анчелоти.

Scroll to Top