Top Sport

Ботас се разведе, Хамилтон признава: Во Ф1 нема време за љубов и семејство

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас објави дека се разведува со сопругата Емилија по три години брак, велејќи дека „предизвиците во кариерата донесоа до ваква состојба“, нешто што го потврди и неговиот колега од тимот, светскиот шампион, Луис Хамилтон кој додаде дека Ф1 ја „убива“ љубовта.

30-годишниот Ботас објави долго соопштение на Твитер, но инсистираше дека ќе остане пријател со поранешната олимписка пливачка.

„За жал, морам да ви соопштам дека бракот со Емилија дојде до крај. Се разделуваме поради различните предизвици кои ги носи мојата кариера и мислиме дека тоа е добар потег за двајцата и нашите животи и се разделуваме како пријатели“, пишува Ботас.

Ботас и Емилија беа заедно од 2000, а се земаа во септември 2016 во Хелсинки.

Неговиот колега Хамилтон вели дека целосно го сфаќа Ботас и дека за него е дури тешко да ги чува своите миленичиња. Хамилтон беше седум години во врска со американската пејачка Никол Шерцингер, пред да се разделат во 2015 година.

Додека Себастијан Фетел се пофали со своето трето дете, Хамилтон признава дека за него ситуацијата е потешка.

„Во моментов, нема деца во моите планови. Честитки до Себ, тој е очигледно добар татко. Јас едвај ги држам моите кучиња живи и бидејќи сум чичко, знам како е да си со деца. Така е за речиси сите спортисти. Можеби е потешко за нас бидејќи многу патуваме. Има некои кои успеваат, видете го Себ, но за мене тоа е многу тешко“, вели Хамилтон.

Scroll to Top