Top Sport

Анчелоти за шпекулациите: Може ли денеска да ме оставите на мир

Карло Анчелоти побара новинарите да го остават на мир барем малку по новите шпекулации дека ќе си замине од Реал Мадрид на крајот на сезоната.

Иако Реал со 0:4 ја „збриша“ Барселона во Кралскиот куп на „Ноу Камп“, тие остнуваат на далечни 12 поени зад вечниот ривал во Ла лига. Покрај тоа, италијанскиот тренер подолго време се споменува како најголем кандидат да стане нов селектор на Бразил, а последната шпекулација е дека неговиот поранешен клуб Челси е зантересиран да го врати во Лондон. Пред утрешниот меч против Вилјареал, Италијанецот беше запрашан дали е изненаден што толку се збори за неговото можно заминување.

„Слушајте, по 1.272 меча не треба да докажувам ништо никому. Секој има право на свое мислење. Ако имам 1.272 меча, не знам колку прес-конференции сум имал… Сигурно двојно, ако не и повеќе. Можете да замислите, и затоа денеска оставете ме на мир“, одговори со смеа Анчелоти.

Scroll to Top