Реал Мадрид ја победи Севилја со 3:1 во 11.коло и го задржа речиси перфектниот скор во Примера. Само Осасуна успеа да освои бод против Реал од почетокот на сезоната.
Дербито на „Сантијаго Бернабеу“, го играчите од клупата. Карло Анчелоти во вистински момент ги направи измените, две минути по влегувањето на теренот Асенсио ја креираше акцијата по која Васкез погоди за 2:1. До крајот на мечот Валверде го постави конечниот резултат.
Анчелоти потврди дека замените му дале посебна енергија на неговиот тим.
„Се наоѓаме во период од сезоната каде што не смееме да застанеме и мора да продолжиме да се бориме и да се трудиме да победиме на секој натпревар“, рече Анчелоти, а потоа продолжи:
„Во првото полувреме ја контролиравме играта, но во вториот дел од мечот нивото на енергија ни падна, а нашата самодоверба дополнително се разниша кога израмнија. Замените ни дадоа дополнителна енергија и самодоверба. Кога го постигнавме вториот гол во неверојатен контранапад со неколку одлични додавања на Асенсио и Винисиус Жуниор, тогаш го добивме натпреварот.
Имаме феноменална клупа со неверојатен став. Кога момците кои доаѓаат од клупата прават разлика, тоа е знак на здрав разум. Задоволство е да тренирам играчи кои ги почитуваат сите одлуки што ги носам и не предизвикуваат никакви проблеми“, изјави Анчелоти.