Top Sport

Анчелоти: Загрижен сум, но се надевам дека ќе играме во финалето

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти имa измешани чувства по првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, во кој неговиот тим беше поразен од Манчестер Сити со 4:3.

„Како љубител на фудбалот можам да кажам дека ова беше фантастичен натпревар. Како тренер на Реал Мадрид, морам да бидам загрижен, бидејќи рано примивме два гола. Но, носиме три на Бернабеу, па се надевам дека ќе играме во финалето“, изјави Анџелоти.

Избраниците на Анчелоти уште еднаш во овој циклус го покажаа силениот морал и способноста да се извлечат од тежки ситуации. На „Етихад“, Реал три пати имаше минус од два гола.

„Овие играчи не губат глава кога е тешко. Првите 20 минути беа навистина тешки, но потоа чекор по чекор успеавме да се вратиме и да задржиме шансите за пласман во финалето.“

Реваншот во Мадрид е закажан за следната среда.

Scroll to Top