Top Sport

Анчелоти: Заврши кариерата на Иско во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Иско ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона. Иско вчера се прости од „Сантијаго Бернабеу“, во последното коло од Примера против Бетис (0:0), шанса доби во последните 20 минути.

„Кариерата на Иско овде штотуку заврши. Тој беше важен дел од овој тим во последните неколку години, одигра одлични натпревари, но можеше да направи поголема кариера во Реал. Му посакувам се најдобро”, изјави Анчелоти

Иско, оваа сезона во Примера одигра само 304 минути.

Иско во Реал пристигна пред девет години од Малага за 30.000.000 евра. За мадридскиот клуб одигра 352 натпревари и постигна 53 гола со 56 асистенции. Во Реал стана и шпански репрезентативец (38 настапи, 12 голови).

30-годишниот играч за врска би можел да ја продолжи кариерата во Бетис.

Scroll to Top