Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Андер Ерера открива дека му советувал на Единсон Кавани да ја прифати понудата на англискиот гигант.
31-годишниот Ерера помина пет сезони на „Олд Трафорд“, по што замина како слободен фудбалер во ПСЖ минатото лето, каде што имаше шанса да игра со Кавани, кој останува рекордер на францускиот клуб со 200 постигнати голови.
„Тој ме праша за совет, а јас само му кажав дека Манчестер јунајтед се клуб на кој не можеш да му кажеш не. Штета што нема да може да ги почуствува фановите набргу, бидејќи ‘Олд Трафорд’ е уникатен стадион“, вели Ерера за „Кадена СЕР“.