Top Sport

Жиру: Немам проблем со Бензема, штета што не игра за Франција

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру вели дека отсуството на Карим Бензема од француската репрезентација е штета, и инсистира дека никогаш немал конфликт со играчот на Реал Мадрид и покрај саркастичните забелешки кои ги даваше Бензема.

Бензема не игра за Франција од 2015 година, откако беше обвинет дека е вмешан во уцената на Матју Валбуена поради секс-лента, а во тој период Жиру се стабилизираше како постојан првотимец и во четврток во пријателскиот меч со Украина може да го има својот 100. настап.

Неодамна, Бензема го критикуваше Жиру велејќи дека „не треба да се мешаат картинг и Формула 1. И сите знаете дека јас сум Ф1“.

„Секако, штета е што Карим не игра, бидејќи е импресивен фудбалер. Јас никогаш не сум имам расправија со него, но некој сака да бидеме на спротивни страни. Секогаш добро сум се разбирал со него и сум го почитувал“, вели Жиру.

Бензема: Јас и Жиру? Како Ф1 и картинг

Scroll to Top