Top Sport

Андерлехт казнет – Компани бил тренер без лиценца!

Белгискиот клуб Андерлехт беше казнет од сопствената фудбалска асоцијација со максималните 5.000 евра бидејќи му дозволиле на легендата на клуобт, Винсен Компани да биде тренер на тимот без потребната лиценца.

„Клубот ги прекрши правилата уште со неговото објавување како тренер, но тоа не им пречеше јавно да го промовираат“, се вели во одлуката на федерацијата.

Во Белгија секој главен тренер во прволигашите мора да има УЕФА Про лиценца, која Компани ја нема добиено. Компани си замина од Манчестер сити ова лето и беше промовиран во тренер-играч на Андерлехт, заедно со Сајмон Дејвис, поранешниот прв човек на академијата на Сити, кој има лиценца. Компани по само неколку меча се повлече од тренерската позиција и сега е само фудбалер на клубот.

Андерлехт имаат само 2 победи во последните 10 лигашки мечеви и се на 13. место во лигата со 16 тима. Тие го именуваа Френк Феркаутерен за тренер како замена за Дејвис, кој остана како помошник-тренер.

Scroll to Top