Top Sport

Андон Дончевски на тренингот на фудбалската репрезентација

Првиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Андон Дончевски, ги посети актуелните репрезентативци на вчерашниот тренинг, им посака многу среќа и успеси во новиот квалификациски циклус. Тој живее во Австралија, но во овој период е во посета на родната земја, а сѐ уште не може без фудбалот и редовно ги следи случувањата и настапите на македонскиот фудбалски тим.

„Јунаци, моја почит кон сите вас. Македонскиот фудбал го кренавте. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како вас“, им порача Дончевски на репрезентативците.

Капитенот Стефан Ристовски му го подари новиот дрес на националниот тим.

Scroll to Top