Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова постигна два гола за да помогне Барселона да го освои Суперкупот на Каталонија со убедлива 7:0 победа над Еспањол.
Андонова прво во 12. минута одлично се снајде во противничкиот шестнаесетник за да го постигне првиот гол за Барса Фемени, а потоа следуваше фантастичниот гол од корнер во 29. минута за водство од 4:0.
Претходно, Андонова имаше извонреден настап и во полуфиналето против Пардињес, кога постигна хет-трик и Барселона триумфираше со 9:0.