Женската фудбалска репрезентација на САД, која како селектор ја предводи Македонецот Влатко Андоновски, го освои бронзениот медал на олимпискиот турнир во Токио.
САД, во спектакуларен натпревар, ја победија Австралија со 4:3 (3:1). Малото финале го обележа репрезентативката на САД, Меган Рапино, која постигна два спектакуларни гола во првото полувреме.
Рапино, во осмата минута, постигна гол директно од корнер, а откако Кери израмни во 17.минута, со волеј во 21.минита повторно донесе предност за САД.
До крајот на полувремето, во првата минута од судиското надополнување на времето, Лојд ја зголеми предноста на САД. Лојд, по шест минути игра во второто полувреме, со својот втор гол и донесе недостижна предност на САД.
Три минути подоцна Фурд намали на 2:4, а во последната минута Гиелник го постави конечниот резултат 3:4.
За златото на женскиот фудбалски турнир, утре ќе се борат Канада и Шведска.