Влатко Андоновски повеќе не е селектор на женската репрезентација на САД, објави ЕСПН. Македонскиот тренер замина од функцијата по лошиот настап на САД на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд.
Американките на Мундијалот дојдоа како бранителки на титулата, а настапот го завршија во осминафиналето, со поразот од Шведска на пенали.
Женската репрезентација на САД никогаш толку рано не го завршила својот на стап на едено СП.
Андоновски на селекторската позиција на САД беше назначен во 2019 година. Во својот мандат не успеа да освои ниту еден трофеј.