Андре Гомеш, играч на Барселона, очигледно е еден од оние што фудбалот го играат поради парите. Во едно интервју тој открил дека на натпреварите не чувствува никаква страст кон фудбалот.
„Не се чувствувам добро на теренот. Првите шест месеци беа добри, а потоа работите се сменија. Можеби не ги користам вистинските зборови, но настана вистински пекол бидејќи чувствувам голем притисок. Лошо се чувствувам додека играм“, рекол Португалецот.
„На состаноците сум опуштен, убаво ми е со соиграчите, но друга приказна е кога сум на теренот. Ми пречат критиките и некогаш од срам едноставно посакувам да не морам да излегувам од дома. Ме загрижува тоа, не знам што да направам за да го сменам тоа.“
Андре Гомеш во Барселона пристигна во летниот преоден рок во 2016 година од Валенсија за сума од 35 милиони евра. Тој со Каталонците потпиша договор до 2021 година.
Оваа сезона одиграл 26 натпревари и нема постигнато гол.