Каталонскиот весник, Мундо депортиво, пишува дека Португалецот е свесен дека за него нема место во Барселона, откако, во саботата, тој воопшто не беше во протоколот на финалниот меч во Купот.
Според истиот извор, токму поради тоа Андре Гомеш решил да се раздели со својот менаџер, познатиот Жорж Мендеш, познат и под прекарот супер-менаџер.
Жорж Мендеш е со Андре Гомеш од почетокот на неговата кариера.
Во иднина за кариерата на Португалецот ќе се грижат неговиот брат и Пол Мартин, британски менаџер кој има конекции во сите англиски екипи.
Поради ова весникот шпекулира дека Андре Гомеш наредната сезона ќе игра во Премиер лигата, а како најсериозен кандидат за добивање на неговиот потпис се споменува Тотенхем.