Top Sport

Андре Гомеш се врати на тренинзи само 86 дена откако го скрши зглобот!

Фудбалерот од средниот ред на Евертон, Андре Гомеш се врати на тренинзи на својот клуб, откако во ноември се здоби со хорор-скршеница на скочниот зглоб.

Португалецот доби фрактура на десниот скочен зглоб по стартот на Сон-Хеунг Мин при 1:1 ремито со Тотенхем. 26-годишниот Гомеш беше изнесен на носилки и се веруваше дека ќе паузира шест месеци до година дена, но само 86 дена, тој се појави во тренинг-центарот на Евертон на работа.

Гомеш, кој дојде од Барселона по првичната позајмица минатата сезона, сега ќе се бори за место во првиот тим.

Евертон до реми со Тотенхем по хорор-повредата на Андре Гомеш (вознемирувачко видео)

Scroll to Top