Top Sport

Андре Силва и пресуди на Барселона (Видео)

Милан ја совлада Барселона со 1:0, на турнејата во САД. Натпреварот се одигра во рамките на Интернационалниот куп на шампионите.

Италијанскиот тим успеа да победи иако Барселона во текот на целиот меч беше подобар играл на теренот.

Единствениот гол беше постигнат буквално во последните секунди од натпреварот. Франк Кеси му асистираше на Андре Силва.

За Милан на овој меч не играа новите засилувања Калдара и Игуаин, додека во составот на Барселона беа фудбалерите што пристигнаа во овој преоден рок: Артур, Малком и Ленгле.

Scroll to Top