Португалецот Андре Силва потврдил дека од Севилја се враќа во Милан. Силва изминатата сезона како позајмен играч го носеше дресот на екипата од Андалузија.
Андре Силва имаше одличен старт во дресот на Севилја, на првите седум натпревари постигна седум гола, но потоа до крајот на сезоната постигна само уште два гола.
Поради тоа во клубот решиле да не го откупат неговиот договор. Севилја можеа за 35 милиони евра да го задржат 23 годишниот напаѓач на „Рамон Санчез Писхуан“.
Андре Силва и во Милан не ги исполни очекувањата. Играчот за кого Италијанците на Порто им платија 40 милиони евра постигнал само 10 гола на 40 одиграни натпревари.
Португалецот се враќа во Милан, каде недопирлив во нападот е Кшиштов Пјонтек, прашање е дали тој ќе прифати да му биде резерва на Полјакот или повторно ќе оди на позајмица.