Top Sport

Јунајтед, Сити и ПСЖ се заинтересирани за Иско

По катастрофалната сезона на „Сантијаго Бернабеу“ подготвуваат целосен ремонт на тимот, најавено е дека ќе пристигнат неколку големи ѕвезди и во исто време составена е трансфер листата на овои што ќе го напуштат Реал.

Еден од играчите што може но и не мора да остане во клубот е Иско. Играчот од редот за врска во најголемиот дел од сезоната беше закован за клупата на резерви, а шанса да игра доби дури откако Зидан се врати во клубот.

Според шпанските медиуми неколку екипи сериозно се заинтересирани за услугите на Иско и според нив доколку исплатат околу 120 милиони евра, тогаш ќе му дозволат да го напушти Реал.

Три тима на кои парите не им се проблем стојат во редот за потписот на Иско. Покрај францускиот шампион ПСЖ, тука се и двата клуба од Манчестер Јунајтед и Сити.

Scroll to Top