Top Sport

Андреа Пирло ќе работи во Турција

Андреа Пирло по пауза од една година ќе и се врати на тренерската работа. Прославениот италијански репрезентативец и поранешен играч на Интер, Милан и Јувентус во својата тренерска кариера го предводеше Јувентус каде остана неполна година.

Пирло од следната сезона треба да го води Карагумрук, клуб кој минатата сезона во турскиот шампионат заврши на осмото место во конкуренција од 20 екипи. „Газета дело Спорт“ наведува дека Пирло ќе потпише едногодишен договор.

Карагумрук има неколку играчи кои имаат искуство од Серија А. Дресот на овој клуб го носат искусниот Аргентинец Лукас Биља или поранешниот италијански репрезентативец Фабио Борини.

Scroll to Top