Повеќе италијански медиуми јавија дека досегашниот тренер на Емполи, Аурелио Андреацоли ќе го замени Чезаре Прандели како главен тренер на Џенова.
Односите на Прандели со претседателот на клубот Енрико Прециози беа „затегнати“ при крајот на сезоната. Прандели стана трет тренер на Џенова во декември, и имаше само 4 победи, 11 ремија и 9 порази, за клубот да избегне испаѓање во последното коло.
Џенова опстана само поради подобриот директен скор токму со Емполи на Андреацоли, кој беше многу подобар тим, посебно во финишот на сезоната. Според „Скај спорт Италија“ и „Ла газета дело спорт“, Андреацоли потпишал двегодишен договор, а на „Мараси“ ќе заработува 700.000 евра по сезона.