Top Sport

Андрески ќе го „гаси пожарот“ во Работнички

Марјанчо Андрески, долгогодишниот капитен на Работнички, го наследи Александар Влахо на тренерската функција во Работнички. Влахо поднесе оставка поради лошите резултати во првите десет кола во домашното првенство. Романтичарите“ се последни во лигата со само десет поени.

Андрески досега работеше во младинската школа на клубот, а има искуство и како асистент во сениорскиот погон. Тој ќе го предводи Работнички до крајот на сезоната.

Новиот тренер претпладнево го одработи првиот тренинг со сениорскиот тим. Од играчите побарал максимално залагање и професионален однос.

Андревски дебито ќе го има в среда против Шкупи.

извор/fkrabotnicki.com

Scroll to Top