Top Sport

Андрија Живковиќ – резерва од 2,5 милиони евра

Андрија Живковиќ нема намера да ја напушти Бенфика, за клубот е врзан според договорот до јуни 2021 година.

Бенфика се обидува но не успева да се ослободи од играчот на кого му предвидуваа голема кариера. Товар за клупскиот буџет е неговата плата. Живковиќ годишно заработува 2,5 милиони евра, а со придонесите клубот неговиот договор го чини 4,9 милиони евра годишно.

Српскиот фудбалер сезонава нема одиграно ниту една минута за првиот тим на Бенфика. Португалските медиуми пишуваат дека Живковиќ и неговиот татко на клупските челници им кажале дека фудбалерот ќе замине од клубот во моментот кога ќе му истекна договорот.

Поради тоа тие ја одбиле понудата од Олимпијакос.

Живковиќ е поранешен играч на Партизан, во Бенфика пристигна пред три години. Му предвидуваа голема кариера откако блесна на Светското првенство за играчи до 20 години на кое Србија ја освои титулата.

Како тргнал кариера нема да направи, но ќе заработи многу пари.

Scroll to Top