Top Sport

Зидан: Јовиќ? Не е лошо, но би сакал да постигне некој гол

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не е незадоволен од учинокот на Лука Јовиќ, иако српскиот напаѓач се наоѓа во длабока голгетерска криза. За разлика од тренерот медиумите сметаат дека Јовиќ не поседува квалитет за да го предводи нападот на Реал.

Јовиќ го започна натпреварот во Купот на Кралот против Сарагоса. Реал победи лесно со 4:0, а статистиката вели дека тој имал 14 допири со топката (голманот Ареола има 33) и направил само седум додавања, односно по едно на секои десет минути.

Неговата замена Карим Бензема по само неколку минити откако влезе на теренот постигна гол.

„Беше во натпреварот, но би сакал да постигне и некој гол“, рекол Зидан.

„Мора да продолжи да работи, головите ќе дојдат. Нов е во клубот, иако минаа веќе шест месеци. Има само 21 година и знае што треба да направи“, заклучил Зидан.

Јовиќ од почетокот на сезоната има одиграно 22 натпревари за Реал на кои постигнал само еден гол.

Scroll to Top