Top Sport

Ангеловски го објави списoкот за почетокот на квалификации за ЕУРО 2020

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави спискот на играчи со кои ќе го започне квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година.

На списокот на селекторот нема изненадувања. Тој се реши да им даде шанса на фудбалерите што го го изнесоа товарот во Лигата на Нации. Ангеловски во составот ги врати Кире Меркоски, Дарко Чурлинов и Дарко Велковски.

Поради повреда од спискот отпадна играчот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, а до последен момент струшниот штаб ќе ја следи состојбата со повредените играчи на Ференцварош и АЕК Ларнака, Стефан Спировски и Иван Тричковски.

Македонија квалификацискиот циклус ќе го отвори на 21 март, во Скопје, против Летонија, а три дена подоцна репрезентацијата ќе гостува во Љубљана кај Словенија.

Собирот на националниот тим е закажан за 18 март, во 12 часот, во хотелот „Гранд Плаза“, истиот ден од 18.45 часот ќе биде одржан и првиот тренинг.

Списокот на селекторот Ангеловски за мечевите со Летонија и Словенија.

Scroll to Top