Top Sport

Ангеловски го објави списокот за дуелите со Ерманија и Грузија

Селекторот на македонската фудбалска епрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните два натпревари против Ерменија (5. септември) и Грузија (8. септември) од новото издание на Лига на Нации.

Ангеловски и за овие две средби се реши да повика играчи кои подолг период играат во репрезентацијата. Тихомир Костадинов поради повреда го нема на списокот, додека Ферхан Хасани е изоставен поради Ковид ограничувањата во Финска. Даниел Аврановски пријавил повреда но тој ќе допатува во Скопје.

Списокот на Ангеловски:

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар);

Одбрана: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Кристијан Тошевски (Тирана, Албанија);

Среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција);

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);

„Овие фудбалери на македонската репрезентација веќе подолг период остваруваат одлични резултати, трето место во квалификациите за ЕП, прво место во групата од Лига на Нации, пласман во бараж за Европско првенство и очекувам согласно нивниот квалитет да продолжиме со позитивни игри и резултати, а се со цел да ги израдуваме нашите верни навивачи кои ќе ни недостасуваат на овие натпревари. Овие два натпрeвари од новото издание на Лига на Нации, покрај резултатскиот императив ни се добредојдени и за последна проверка во пресрет на натпреварот против Косово на 8. октомври, истакна селекторот на А репрезентацијата“, изјави селекторот на Македонија.

Собирот на А репрезентацијата е закажан за 31. август (понеделник) во 12:00 часот во хотел „Градн Плаза“ во Скопје.

Scroll to Top