Top Sport

Ангеловски го објави списокот за Лихтенштахн и Ерменија

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловскиго објави списокот на за натпреварите од Лига на Нации против Лихтенштајн и Ерменија. За овие натпревари селекторот ги повика голманот Дамјан Шишковски, односно Ферхан Хасани и Аријан Адеми.

„На списокот нема многу промени, веќе се проверени имиња, фудбалери кои беа и на претходните дуели. На позицијата трет голман се враќа Шишковски, а повратници во тимот се Адеми и Хасани, со кои се зголемува конкуренцијата во средниот ред. Ние сме фокусирани на првиот дуел. Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме таму каде што застанавме. Очекувам победа против Лихтенштајн, уште подобро и ако запишеме нови три бода со допадлива игра“, изјави Ангеловски.

Дефанзивецот на Ријека, Дарко Велковски е единствениот неизвесен за двата натпревари. На еден од тренинзите на хрватскиот клуб тој ја повредил задната ложа, а не е позната тежината на повредата.

„Велковски е единствениот играч под знак прашалник, има повреда на бутниот мускул. Тој ќе биде подложен на детални прегледи во наредните часови. Во моментов ја немаме информацијата на степенот на повредата. Засега, не би сакал да шпекулирам околу евентуална замена, прво да ги почекаме лекарските прегледи“, изјави македонскиот селектор.

Макеоднија на 13 овој месец ќе го пречека Лихтенштајн, а три дена подоцна ќе гостува во Еремнија. По првите две кола, Македонија е лидер во групата со максимални шест бода.

Списокот на играчи за дуелите против Лихтенштајн и Ерменија:

фото: ffm.mk

Scroll to Top