Фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски, добил повик од селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, за натпреварите против Гибралтар (06. септември) и Ерменија (09. септември) за отворањето од Лига на Нации.
Селекторот Ангеловски го повика десниот бек Тошевски на местото на Аријан Адеми кој поради повреда на задниот бутен мускул ќе паузира еден месец.
Лигата на Нации, Макеоднија ќе ја отвори на 6.септември, во Гибралтар, а нашата најдобра репрезентација првиот домашен натпревар од ова натпреварување ќе го одигра три дена подоцна во Скопје, против Ерменија.
фото: ffm.mk