Фудбалската репрезентација на Македонија утре, против Израел ќе го одигра последниот меч во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Од оваа Г-група пласман на ЕП изборија Полска и Австрија, додека Македонија може да се пласира на континенталниот шампионат преку баражот во Лигата на Европа.
Иако сите непознати во групата се решени, македонските фудбалери имаат мотив да финишираат со победа, која во случај на пораз на Словенија ќе им го донесе третото место на табелата.
„Подготвени сме и мотивирани повторно да ги израдуваме повторно нашите навивачи. За нас не постои притисок за да го освоиме третото место, туку ние на таа шанса гледаме како мотив. Овие фудбалери за сето тоа што го покажаа во овие квалификации заслужија да завршат како трети. Ние одиме на победа, а колку ќе биде доволно ќе видиме“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
„Ова е последниот наш меч во овие квалификации и сакаме со победа да ги завршиме квалификациите и да се пласираме таму каде што никогаш досега не сме биле. Сакаме да бидеме трети. Игравме во овие квалификации во една неатрактивна, но тешка група и само против Австрија потфрливме, додека на останатите мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси. Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на Евро 2020, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации. Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам зависи од селекторот, изјави капитенот Горан Пандев.
Дуелот Македонија-Израел ќе започне во 20.45 часот, а во истиот термин ќе играа Латвија и Австрија односно Полска и Словенија.
извор/ffm.mk