Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалери за пријателскиот натпревар со Норвешка, кој ќе се одигра на 11 ноември во Скопје. Селекторот за дуелот со Норвежаните ги повика истите играчи кои беа во конкуренција за последните две квалификациски средби, со Италија и со Лихтенштајн.
„Нема промени во составот во однос на претходните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сметам дека тоа што функционираше одлично и што ни донесе резултат не треба да го менуваме. На 11 ноември нѐ очекува квалитетен тест-натпревар со репрезентација која во минатото не сме ја победиле. Норвешка негува типичен скандинавски стил на игра, агресивен, со многу дуели, а ги предводи Ларс Лагербег, кој направи фудбалско чудо со Исланд. Се надевам дека на најдобар начин ќе се спротивставиме и ќе го продолжиме трендот на позитивни резултати“, изјави Ангеловски.
Селекторот потенцирал дека Велковски, Муслиу и Ристевски по повредите го почнале тренажниот процес, додека Стефан Ристовски, кој блескаше синоќа во Лигата на шампионите против Јувентус, немал никаква повреда туку дека во финишот на мечот бил заменет поради грчеви.
Ангеловски кусо објасни дека не го повикал Адис Јаховиќ бидејќи тој самиот решил повеќе да не настапува за репрезентацијата.
Најдобрите македонски фудбалери првиот собир ќе го имаат на 7 ноември во 12:00 часот во хотелот „Гранд Плаза“.
Списокот на Ангеловски за дуелот со Норвешка