Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за натпреварите од квалификациите за ЕУРО 2020 кои националниот тим ќе ги одигра на 7. и 10. јуни против Полска и Австрија.
На спискот на селекторот се наоѓаат и повредените Езџан Алиоски, Илија Несторовски и Александар Трајковски, а во репрезентацијата се враќаат Аријан Адеми и Марјан Радески.
Од стандардните членови на националниот тим поради повреди за дуелите со Полска и Австрија отпаднаа Стефан Спировски и Иван Тричковски.
Списокот на селекторот за натпреварите со Полска и Австрија: