Top Sport

Ангеловски со проверени играчи ќе стартува во Лигата на нации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот на играчи што се повикани за првите две средби во новоформираната Луга на нации на УЕФА.

Македонија на почетокот на септември ќе стартува во ова натпреварување, преку кое може да обезбеди пласман на Европското првенство во 2020 година. Македонските фудбалери се сместени во Групата 4, а противници ќе им бидат Гибралтар, Ерменија и Лихтенштајн.

На списоктот на селекторот има 18 имиња, а најголем дел од нив се стандардни кај Ангеловски. Селекторот во репрезентацијата го врати бекот Мите Цикарски, кој игра во Јанина, а ново име е само дефанзивецот на Шкендија Егзон Бејтулаи.

Единствен проблем за селекторот во овој момент претставува повредата на Аријан Адеми. Капитенот на Динамо Загреб се повредил на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите против Јанг Бојс.

Ангеловски вели дека нема да повикува друг фудбалер доколку Адеми нема да биде во можност да и се приклучи на репрезентацијата.

Македонија на 3.септември ќе гостува кај Гибралтар, а на 9.септември ќе ја пречека Ерменија во Скопје. Националниот тим поради краткото време за подготовки првиот собир ќе го има директно во Гибралтар на 3 септември.

Списокот на Ангеловски за дуелите со Гибралтар и Ерменија:

фото: ffm.mk

Scroll to Top