Top Sport

Ангеловски: Улогата на аутсајдер е дополнителен мотив за нас

Македонската репрезентација, утре ќе дебитира на големите натпреварувања. Противник на Македонија, во Букурешт, од 18 часот, ќе биде Австрија.

Во позитивна атмосфера и со доза на оптимизам, Македонија, ќе влезе во пресметката, со репрезентацијата од која доживеа два порази.

– Обземени сме со силни емоции. Треба да се гордееме, но веруваме дека можеме уште повеќе. Кога пред шест години отидов кај Горан Пандев во Џенова започна оваа приказна. Можеби сме аутсајдери на првенството, но не ни пречи таа улога. Напротив, дополнително носи мотив кај сите нас. Одработивме добри подготовки и сите фудбалери со нетрпение ја очекуваат средбата со Австријците, изјави селекторот на Македонија, Игро Ангеловски.

Извор/ffm.mk

Scroll to Top