Top Sport

Ангеловски вели дека со Лихтенштајн се зависи од нас, Барди сака брз гол

Македонската фудбалска репрезентација утре од 20.45 часот на „Тодор Проески“ арената ја го пречекува селекцијата на Лихтенштајн во рамки на второто коло од квалификациите за Мундијалот во Катар во 2022 година.

Селекторот Игор Ангеловски денеска на прес-конференција изјави дека очекува подобрена реализацијата во нападот за разлика од дуелот што во четвртокот го одигравме во Букурешт, против Романија.

„Ја прифаќаме улогата на фаворит на овој меч и треба на терен да ја оправдаме. Во изминативе години многупати бевме во ваква ситуација и фудбалерите покажаа дека можат да победат. Јас сум убеден дека така ќе биде и утре. Лихтенштајн има нова селекција, подмладена во однос на тие мечеви во 2018 година, но ние сме потполно подготвени да влеземе во мечот и работите утре ќе зависат само од нас“ – рече селекторот Ангеловски.

Повторно напомена дека реализацијата мора да се поправи.

„Направивме анализа и тоа што беше добро во Букурешт утре да биде уште подобро, а тоа што беше слабост – да го анулираме. Јас кажав дека концентрацијата во завршницата ни беше слаба и утре од првата шанса очекувам да реализираме. Треба да дадеме гол што побрзо, но да не одиме безглаво во напад. Јас за залагањето, пристапот, играта немам никакви замерки“ – додаде селекторот.

И репрезентативецот Енис Барди сака брз гол против Лихтенштајн.

„Клучот е да сфатиме дека сме фаворити и сакам да почнеме да победуваме во континуитет. Квалитетна репрезентација сме и од нас зависи исходот на мечот против Лихтенштајн. Македонија е учесник на ЕП и сега поинаку гледаат на нас. Сакам да постигнеме брз гол за да играме поспокојно во продолжение на мечот“ изјави Барди.
Фото: ФФМ

Scroll to Top