Top Sport

Ангеловски задоволен од ждрепката во Даблин

Фудбалската репрезентација на Македонија, попладнево ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. Во Г-групата македонските фудбалери ќе играат против Австрија, Израел, Словенија,и Латвија.

Групата не е атрактивна, но дека со овие селекции Македонија може да се надигрува, а со овој впечаток се согласува и селекторот Игор Ангеловски.

“Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави на сите противници, само сплотено, тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Европското првенство. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите“, рекол Ангеловски за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија.

Квалификациите за пласман на Европското првенство ќе започнат на 21.март наредната година.

Scroll to Top