Top Sport

Ангиса го продолжи договорот со Наполи

Наполи е вистински хит оваа сезона. Избраниците на Луќан Спалети се неприкосновен лидер во поредокот во Серија А i се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите каде ќе играат против Ајнтрахт Франкфурт.

Еден од најдобрите играчи на „наполитанците“ оваа сезона е Камерунецот Франк Замбо Ангиса (26). Со одличната форма, Ангиса си обезбеди нов договор, до летото 2025 година.

Ангиса минатото лето пристигна во Наполи од Фулам. Пред Фулам настапуваше за Марсеј, а додека беше член на англискиот клуб една сезона мина на позајмица во Виљареал.

Овој играч од средниот ред ќе биде столбот на Камерун на претстојното Светско првенство во Катар. Неговата репрезентација е во групата Г, заедно со Бразил, Србија и Швајцарија.

Scroll to Top