Фудбалската репрезентација на Гана има нов селектор. „Црните ѕвезди“ ќе ги предводи Крис Хјутон.
Гана остана без селектор по Мундијалот во Катар. Ото Адо доби отказ откако не успеа да се пласира во втората фаза. Гана на Сп играше во групата со Португалија, Уругвај и Јужа Кореја.
Фудбалскиот сојуз на Гана реши во иднина националниот тим да го предводи 64. Хјутон. Негв прв помошник ќе му биде Џером Боатенг, кој има потекло од Гана, но во кариерата настапуваше за Германија.
Хјутон, првиот самостоен ангажман во кариерата го имаше во Њукасл во 2009 година. По Њукасл, тој беше тренер на Бирмингем и Норич пред да стане менаџер на Брајтон од 2014 до 2019 година. Последната работа во Англија ја имаше во Нотингем Форест.
Хјутон во последната година беше технички советник во репрезентацијата на Гана.